Условни зависносложени реченици
9 одд.
*Значење:
Пр. 1
*Ако дојдеш навреме, ќе одиме на кино.
*Ќе победеше, да се потрудеше малку повеќе.
Од дадените примери можеме да заклучиме дека со зависните условни реченици се искажува условот под кој би се вршело (извршило) дејството во главната реченица.
*Видови услов
Пр. 2
*Ќе успееме сите, ако се потрудиме повеќе. (Станува збор за реален услов за кој нема пречки да се исполни);
*Можеби ќе успееме сите ако се потрудиме повеќе. (Можен услов кај кој има колебање да се исполни);
*Да се потрудевме повеќе, ќе успеевме сите. (Во реченицата е употребен нереален услов бидејќи дејството веќе завршило).
*Сврзници: Најчести сврзници за условни зависносложени реченици се: АКО, ДА, КОГА БИ.
*Правописно правило:
Редовно се пишува запирка ако условната реченица се наоѓа пред главната, а доколку е по главната може или не да се употреби запирка.
Домашна задача:
Изработете ги двете вежби на стр.36.
Comments
Post a Comment