Posts

Showing posts from March, 2019

Стилски фигури

Стилски изразни средства Епитет Епитет е стилско изразно средство што стои до некој друг збор (најчесто до именка) и открива некоја битна особина на предметите, односно појавите или чувствата, искажани со именката. Со други зборови – епитетот е украсен додаток. За епитети најчесто се употребуваат придавките. Епитетот може да биде: обичен ( крвава роса,), постојан – секогаш стојат со определени именки и се цврсто сраснати со нив; ( лута змија, бело лице,) и банален – непотребен ( сладок мед, стара баба,).Епитетот може да биде и удвоен: „ Бунтовната лута пушка... Компарација Ги чував, ги чував ко очите свои се радував, сестро, ко мома на цвет“, Споредба или компарација е стилско изразно средство кое настанува кога нешто се споредува со друго нешто врз основа на некои заеднички особини. При споредувањето секогаш треба да има три члена: збор (предмет) кој се споредува, збор (предмет) со кој се споредува и збор кој ги поврзува двете споредби, а тоа е спор

За македонсите поети

  Кочо Рацин Денови Како на вратот ѓердани ниски камења студени, така на плешки денови легнале та натежнале Денови ли се — денови аргатски маки големи... Ленка И ноќе кога месечко гроб ѝ со свила виеше. Ветерчок тихо над неа жална ѝ тага рееше: „Зошто ми, зошто остана кошула недоткаена? Кошула беше даровна…“ Копачите Се к’ти ноќта црна! Се рути карпа — мрак! И петли в село пеат и зората се зори — над карпа в крв се мие и темнината пие силно светнал ден! Константин Миладинов Струга 1830-1862 Цариград Т’га за југ Орелски крилја как да си метнех и в наши стâрни да си прелетнех! На наши места ја да си идам, да видам Стамбол, Кукуш да видам, Да видам дали сâнце и тамо матно угревјат, како и вамо. Ако как овде сâнцето ме стретит, ако пак мрачно сâнцето светит: На пâт далечни ја ке се стегнам, и в други стâрни ке си побегнам, каде сâнцето светло угревјат, каде небото ѕвезди посевјат. Бисера Бисеро моме, Бисе