За македонсите поети


  Кочо Рацин
Денови
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале
Денови ли се — денови
аргатски маки големи...

Ленка
И ноќе кога месечко
гроб ѝ со свила виеше.
Ветерчок тихо над неа
жална ѝ тага рееше:
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна…“

Копачите
Се к’ти ноќта црна!
Се рути карпа — мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори —
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!


Константин Миладинов
Струга 1830-1862 Цариград


Т’га за југ
Орелски крилја как да си метнех
и в наши стâрни да си прелетнех!
На наши места ја да си идам,
да видам Стамбол, Кукуш да видам,
Да видам дали сâнце и тамо
матно угревјат, како и вамо.
Ако как овде сâнцето ме стретит,
ако пак мрачно сâнцето светит:
На пâт далечни ја ке се стегнам,
и в други стâрни ке си побегнам,
каде сâнцето светло угревјат,
каде небото ѕвезди посевјат.

Бисера
Бисеро моме, Бисеро,
што носиш бисер на грло?
Твоето грло хубаво
и от дробнаго бисера
хилјада пати побело.




     
                Коле Неделковски
С.Војница, Велешко 1912-1941 Софија

Пеш по светот
поема
Песна прва
Греј, о мила месечино, сјајно,
греј и огреј ми страден род,
во мачна душа шепни му тајно
за дните нови под златен свод.
И ете и ја тргнуам рано,
протегам рака со пламнат глас:
прости, о земјо, со срце збрано
дојде тој пусти најгрозен час...

Глас од Македонија
О, трајте, трајте, тирани недни!
Доста се тија лаги и злоба -
пакосен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.

Та ете веќ векови цели
писка и стенка од волци гости -
за брата вијат кој да го дели
за да му глода сувите коски...



Никола Јонков Вапцаров
Банско1909-1942 Софија

Земја
Таа земја,
сега што ја чекорам,
таа земја,
в пролет што ја буди југот,
таа земја – своја не ја знам
таа земја
простете: е туѓа!
Рано тргам.
По фабричен друм
безброј рубашки
се тискаат,
се ројат...

Татковина

...Пак тебе те сакам
татковино Гоцева, Дамева,
во тебе се родив
младините тука ми беа.
И в срце го носам
тревожното знаме
и вечниот полет
на сите без леб и без стреа.




               Ацо Шопов
    Штип 1923-1982 Скопје


РАЃАЊЕ НА ЗБОРОТ
Глужд на глужд.
Камен врз камен.
Камена шума
изѕемнина.
Глужд на глужд.
Камен врз камен,
од камен и ние обата.
Чади ноќта.
Зборот се двои од темнина...


ОЧИ
Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка на погледот срцен,
и секоја капка на твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.
Другарите беа и морни и гладни
со згорени грла и свиени плеќи
со тап бол се впија во очите ладни
и жалеа оти не ќе пламнат веќе...



    
                       Блаже Конески
С. Небрегово, Прилепско 1921-1993 Скопје

Везилка

Везилке, кажи како да се роди
Проста и строга македонска песна
Од ова срце што со себе води
Разговор ноќен во тревога бесна?

— Два конца парај од срцето, драги,
Едниот црн е, а другиот црвен,
Едниот буди морничави таги,
Другиот копнеж и светол и стрвен...

Тешкото
 
О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
Штом тапан ќе грмне со подземен екот —
Во градиве зошто навирува река
И зошто ми иде да плачам ко дете,
Да превијам раце, да прекријам лик —
Та гризам јас усни, стегам срце клето,
Да не пушти вик.
 
О тешкото! Старци излегуват еве,
На чело им мисла, во очи им влага
И првиот чекор по меката трева
Е мирен и бавен, со здржана тага.
Но ’рзнува тапан и писок се крева
И молнија светнува во секој глед,
И напред се пушта, се стрелка, се слева
Стегнатиот ред...
 



      Гане Тодоровски
          1929-2010
             Скопје

КОН ТАТКОВИНАТА
Делнична мисла на луѓето ти не си им
освен на оние, кои за тоа се платени
Децата првпат те сретнуваат низ песните,
пред сѐ ко поим одвеќе книжно сфатен.
Но, кога тие ги слушнат свидните имиња
на Делчев, Петров, Сандански или Ацев,
тогаш ти веќе кокретна форма зимаш
в пригодна песна или во плескање раце...

НАШИНСКА
Да ни е да сме доста
колку да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине –
Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине –
Да ни е да сме мерата
колку да се прелееме
од колено во колено до кај истрајвекот



Comments

Popular posts from this blog

Стилски фигури