Стилски фигури



Стилски изразни средства

Епитет
Епитет е стилско изразно средство што стои до некој друг збор (најчесто до именка) и открива некоја битна особина на предметите, односно појавите или чувствата, искажани со именката. Со други зборови – епитетот е украсен додаток. За епитети најчесто се употребуваат придавките.
Епитетот може да биде: обичен (крвава роса,), постојан – секогаш стојат со определени именки и се цврсто сраснати со нив; (лута змија, бело лице,) и банален – непотребен (сладок мед, стара баба,).Епитетот може да биде и удвоен: „Бунтовната лута пушка...

Компарација
Ги чував, ги чував ко очите свои
се радував, сестро, ко мома на цвет“,
Споредба или компарација е стилско изразно средство кое настанува кога нешто се споредува со друго нешто врз основа на некои заеднички особини. При споредувањето секогаш треба да има три члена: збор (предмет) кој се споредува, збор (предмет) со кој се споредува и збор кој ги поврзува двете споредби, а тоа е споредбениот сврзник како или ко.


Персонификација
„Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј – на вик да плиска
тешкиот глас на новите химни“.
Персонификација е стилско изразно средство со кое на предметите, природните појави, апстрактните поими, на животните или на растенијата им се даваат човечки особини на живи суштества.



Ономатопеја
„Пам, пам, пам!“ - запукаа пушки.
Фиу, фиу, фиу!“ - свиреа куршумите крај Велета.
Ономатопеја е стилско изразно средство со кое се имитираат звуци од природата, животински гласови или некои звуци што не потсетуваат на некој предмет. Она што во стилистиката е ономатопеја, во морфологијата се извиците.
Преку ономатопејата се добива претстава за вучната слика што настанува во природата.

Метафора
„Срце до срце – од срцата кренавме ѕид“.
Метафора е стилско изразно средство  со кое еден збор или поим се заменува со друг, барајќи некаква сличност меѓу нив.
Метафората како и споредбата има членови: поим кој се споредува и поим со кој се споредува, го нема сврзникот како и таа уште се нарекува скратена компарација.

Симбол

Симбол  е стилско изразно средство со кое имињата на конкретните предмети или животни, како и имињата на одделни појави во природата се земаат како знаци, како слики за да се искаже мислата позбиено, посликовито. Пр.: крстот е симбол на христијанството, вагата е симбол на правдата, маслиновото гранче и гулабот се симбол на мирот, срцето е симбол на љубов итн.


Хипербола
„ми купија таа остра сабја,
што се дипли дванаесет дипли,
што се носи во бела пазува,
што ми сече дрво и камења“.
Хипербола  е стилско изразно средство со кое нешто се преувеличува, најчесто нечии особини и можности. Со неа се претерува во нешто што не се совпаѓа со вистината.

Алегорија
„Место јагне – темен волк тој згоди“.
Алегорија  е стилско изразно средство преку кое зборовите и поимите добиваат преносно значење, или како што вели народот: „За едно се зборува – на друго се мисли, се однесува„.
Таа уште се смета за проширена метафора.


Контраст
„Ќе ти пратам бела книга,
бела книга црно писмо,
бела книга црно писмо -
ем да читаш, ем да плачеш“!
Контраст  е стилско изразно средство со кое се искажуваат спротивности.

Словенска антитеза
Словенска антитеза  е стилско изразно средство со кое проширените споредби се даваат во форма на прашање, се дава можен (претпоставен одговор, претпоставка – теза), потоа следува негирање на одговорот на прашањето (на тезата) и најпосле се дава спротивен, вистински одговор (антитеза). (Ја има застапено во народното творештво).

Иронија
„- Почекај, куче кическо!
Да видиш пушка как` дупи,
да видиш сабја как` сече.“
Иронија  е стилско изразно средство со кое на зборовите им се дава спротивно значење, спротивна моисла, од она кое тие го имаат во своето основно значење или нивно заменување. Со замената на зборовите се потсилува потсмевот спрема нешто или некого, но на прикриен начин.

Градација
„Прва година помина
 грутка в срце и легна,
втора година намиона
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата“.
Градација  е стилско изразно средство со кое чувствата се искажуваат (се редат, се степенуваат) според својата јачина, интензитет. Се почнува од најслабото, па кон најсилното чувство.

Анафора
Да ми купиш робинчица,
да ми чува машко дете... “
Анафора  е стилско изразно средство кое значи повторување на еден или повеќе зборови во почетокот на два или повеќе стихови едноподруго. Со употребата на анафората се засилува емоционалното чувство, се постигнува поголема изразност и рефлексивност.




Епифора
„Црнокосо невесто, о Лазаре!
Шчо си дворје не мело, о Лазаре!
Али чекаш Лазарки, о Лазаре“!
Епифора  е стилско изразно средство кое значи повторување на еден или на повеќе зборови на крајот од два или повеќе стихови едноподруго.

Сарказам
„Арап фрли тешка боздогана,
 ја пречека Дојчин во десница.
-Чекај, чекај, гламјо опалена,
ти да видиш кој е Болен Дојчин“.
Сарказам  е стилско изразно средство преку кое се искажува длабока навреда, големо понижување.

Реторско прашање
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?“
Реторско прашање  е стилско изразно средство кога мислите и чувствата се искажуваат во вид на прашање на кое не мора да се даде одговор, туку се изразува само возбудата на поетот.

Асиндет
„Натаму – в полое битолско
чемрее врба проклета -
под врбата незнаен гроб “.
Асиндет  е стилско изразно средство во кое нижењето на слики, појави, мисли, чувства, расположби или претстави за нешто е без употреба на сврзници.

Полисиндет
И ми наполни девет амбари,
и си ожени девет синои,
и си омажи девет девојки,
и си покрсти девет внучиња“.
Полисиндет  е стилско изразно средство во кое се јавува преголема употреба на сврзници со цел посебно да се истакне секој поим, или секој збор во стихот по сврзникот.


Апострофа
Ој, судбо, судбо клета проклета
што не раздели од најмилите“.
Апострофа  е стилско изразно средство преку кое поетот им се обраќа на мртвите предмети или личности, на апстрактните поими или на некои отсутни личности како на живи и присутни суштества.

(Користен е прирачникот Убавините на македонскиот јазик од авторите Ѓорѓи Трајков, Нада Николовска и Војо Велјановски)
.

Comments

  1. Одлично беше да се знае дека постои искрен заемодавател на заем кој знае за помагање на заеми со ниска стапка од 2%. Ние секогаш остануваме скромни и никогаш не се откажуваме од финансиите на мојот проект, а за понудата за заем што ми ја даде Педро, ние сме навистина благодарни за помошта и притисокот што го добивме мојот заем како што беше дискутирано
    Контактирајте го pedroloanss@gmail.com за WhatsApp:+1-863-231-0632 повеќе информации за неговата понуда за заем“.

    ReplyDelete
  2. Сакам да си го одземам животот

    ReplyDelete
  3. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog