Условни зависносложени реченици 9 одд. *Значење: Пр. 1 * Ако дојдеш навреме, ќе одиме на кино. *Ќе победеше, да се потрудеше малку повеќе. Од дадените примери можеме да заклучиме дека со зависните условни реченици се искажува условот под кој би се вршело (извршило) дејството во главната реченица. * Видови услов Пр. 2 *Ќе успееме сите, ако се потрудиме повеќе. (Станува збор за реален услов за кој нема пречки да се исполни); * Можеби ќе успееме сите ако се потрудиме повеќе. ( Можен услов кај кој има колебање да се исполни); * Да се потрудевме повеќе , ќе успеевме сите . (Во реченицата е употребен нереален услов бидејќи дејството веќе завршило). * Сврзници: Најчести сврзници за условни зависносложени реченици се: АКО, ДА, КОГА БИ. *Правописно правило: Редовно се пишува запирка ако условната реченица се наоѓа пред главната , а доколку е по главната може или не да се употреби запирка. Домашна задача: Изработете ги двете...
Posts
- Get link
- X
- Other Apps
Од правописот на македонскиот литературен јазик Удвојување на согласките Ако согласките што се нашле во непосреден допир се наоѓаат меѓу две самогласки, се удвојуваат, а ако не се меѓу две самогласки, не се удвојуваат. Согласките меѓу две самогласки се удвојуваат: н а ј+ј а к = најјак, р а з+з е лени = раззелени; о д+д а лечи = оддалечи. Истите согласки кога не се меѓу две самогласки, не се удвојуваат: б е з+з в учен = безвучен, б е з+с м ртен (кај без- согласката з се едначи по звучност и добиваме бес-) = бесмртен Исклучок од ова правило се префиксите: ис- (исели, исвири), и рас- (расели, раскока), кои никогаш не се удвојуваат, без разлика дали се или не се меѓу две самогласки, како и префиксот против-, кој секогаш се удвојува: противвредност, противвладин. Пишување удвоени согласки Во многу случаи поради јасната граница меѓу деловите од зборот или за да се разликуваат по своето значење не дошло до слевање на согласките, односно ги пишуваме со дв...
- Get link
- X
- Other Apps
Материјал за годишни тестови за 6 одд. Материјал за годишен тест Јазик I . Историја на јазик -Јазикот е најсоврешно средство за комуникација. Комуникација или општење претставува способноста на луѓето за разменување на информации. -Македонскиот јазик спаѓа во семејството на словенските јазици и припаѓа на јужнословенската група јазици. Во јужнословенската група јазици спаѓа и старословенскиот јазик кој бил прв литературен (стандарден) јазик за сите словенски народи. А прв словенски јазик бил прасловенскиот за кој нема пишувани податоци. -Најстари зачувани ракописи на старословенски јазик кои датираат од 10-12 век се: Асемановото евангелие, Зографското евангелие и Мариинското евангелие. -Најпознати книжевни школи од тоа време биле Охридската и Кратовската книжевна школа. - Словенската писменост започнала во втората половина на 9 век, а нејзини основоположници се браќата Кирил и Методиј кои ги превеле првите црковни книги од грчки на старословенски јазик (на кој з...